МОН не размислува за затворање на училиштата поради Ковид-19

Министерството за образование и наука не размислува за затворање на училиштата поради пандемијата на Ковид-19, изјави ресорната министерка Мила Царовска. Тврди дека состојбата во образованието е стабилна и нема потреба од нови мерки.

– Состојбата во образованието со коронавирусот е апсолутно стабилна и одговорно стојам зад тоа, поради тоа што 3 декември беше најголемиот пик во првото полугодие и тогаш имавме 168 наставници и 88 ученици. Сега имаме само 62 ученика на целата територијата на државата и 98 наставници, што значи дека сè уште сме многу пониско од оној пик којшто го имавме во декември, а да не зборувам дека тоа е помалку од 1 процент од вкупниот број на наставници и 0,06 отсто од учениците, вели Царовска во интервју за Радио Слободна Европа

Back to top button
Close