МОН: Политиката да не се инволвира во тетовските училишта

Наместо да ја инволвира политиката во училиштата, градоначалникот на општина Тетово е потребно да се фокусира на непречена и што поквалитетна реализација на воспитно-образовниот процес на локално ниво, соопшти Министерството за образование и наука.

МОН апелира дека учениците и наставниците не смеат да бидат жртви на политички игри и интриги, туку нивните интереси треба да бидат во фокусот на работењето на локалната самоуправа.

– Министерството за образование и наука реагира на одлуките на тетовскиот градоначалник за непродолжување на договорите на повеќе наставници од училиштата во оваа опшина поради, како што им било соопштено, политичка неподобност, со што се нарушува континуитетот на воспитно-образовниот процес и од една страна се создаваат штети по однос на знаењето на учениците, а од друга страна се деградира наставничката фела, се девалвира професионалноста и заложбата на просветните работници, пишува во реакцијата на МОН.

Министерството апелира до сите градоначалници да продолжат да соработуваат со локалните образовни установи, да даваат поддршка во нивното работење и да овозможат непречена реализација на наставата.

-Секоја спротивна постапка, не оди во прилог на градењето квалитетни ученички генерации кои ќе продолжат да ја градат иднината на државата, наведува МОН во соопштението.

 

 

Back to top button
Close