MOН- Учебниците за прво, второ, четврто и пето одделение оваа и следната недела ќе бидат испорачани


Според Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно, за учениците од второ и од петто одделение оваа учебна година има нови наставни програми. За овие ученици, како и за тие од прво и четврто одделение, бидејќи учебниците доцнат, а за да се задржи континуитетот на наставата, МОН заедно со Бирото за развој на образованието претходно подготви соодветни наставни материјали од кои учениците учат од почетокот на учебната година
Најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение ќе бидат испечатени и испорачани во текот на оваа и следната недела, информираат денеска од Министерството за образование и наука (МОН).

„Станува збор за над 20 учебници за кои немало жалбени постапки, по наставните предмети во прво, второ, четврто и петто одделение, на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата – македонски, албански, турски, српски и босански јазик“,
посочуваат од МОН.

Од Министерството потсетуваат оти изработката на новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение следува по воведувањето нови наставни програми за овие одделенија, во согласност со планот за етапна реформа на основното образование.

„Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали кои ја обработуваат материјата за првото тримесечје, за да можат да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршување на часовите“,
соопшти МОН.

Според Концепцијата за основно образование која од лани се спроведува етапно, за учениците од второ и од петто одделение оваа учебна година има нови наставни програми. За овие ученици, како и за тие од прво и четврто одделение, бидејќи учебниците доцнат, а за да се задржи континуитетот на наставата, МОН заедно со Бирото за развој на образованието претходно подготви соодветни наставни материјали од кои учениците учат од почетокот на учебната година.

Back to top button
Close