МОН за уписите во средно образование
Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 14 до 17 јуни 2025 година и доставување на потребната документација од 18 јуни до 19 јуни 2025 година. Ранг листи се објавија на 20 јуни 2025 година.
Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во Република Северна Македонија, кој е објавен во месец март 2025 година, предвидено е во училиштата каде во ранг листата има поголем број ученици со исти бодови, да се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети и тоа:
– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика
– за здравствена струка – биологија и хемија
– за другите струки – мајчин јазик и математика.
Оваа година квалификациското тестирање ќе се организира на 23 јуни 2025 година во следниве училишта:
· СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје, здравствена струка за образовните профили медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик.
· СУГС „Георги Димитров“ – Скопје, гимназиско образование, на македонски наставен јазик.
· СОМУ „Гостивар“ – Гостивар, здравствена струка за образовните профили медицинска сестра на албански наставен јазик.
Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификациско тестирање ќе се објават на 23 јуни 2025 година.
Врз основа на финализираните ранг листи за првото пријавување добиени се следните податоци:
Во првото пријавување вкупно се пријавија 16 601 ученици од кои:
· 11 709 ученици за настава на македонски наставен јазик,
· 4 533 ученици за настава на албански наставен јазик,
· 346 ученици за настава на турски наставен јазик и
· 13 ученици за настава на српски наставен јазик.
Во првото пријавување вкупно се запишаа 13 712 ученици од кои:
· 10 172 ученици за настава на македонски наставен јазик,
· 3 248 ученици за настава на албански наставен јазик,
· 279 ученици за настава на турски наставен јазик и
· 13 ученици за настава на српски наставен јазик.
Според видот на образованието, во првото пријавување запишани се вкупно:
· 4 243 ученици во гимназиско образование
· 9 469 ученици во стручно образование
Конкурсот за запишување ученици е завршен за гимназиско образование во:
– СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола
– СУГС Гимназија „Никола Карев“ – Скопје
Конкурсот за запишување ученици е завршен во стручно образование во следниве сектори/квалификации и училишта:
СЕКТОР ГРАДЕЖНИШТВО И ГЕОДЕЗИЈА:
· СГГУГС „Здравко Цветковски“- Скопје
– архитектонски техничар на македонски наставен јазик.
СЕКТОР ГРАФИЧАРСТВО:
· СОУ „Таки Даскало“- Битола
– графички уредник – дизајнер/графички техничар на македонски наставен јазик.
СЕКТОР ЕКОНОМИЈА, ПРАВО И ТРГОВИЈА:
· СОУ „Јосиф Јосифовски“-Гевгелија
– економски техничар/ бизнис администратор на македонски наставен јазик;
· СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани,
– бизнис администратор,
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг и
– економски техничар, сите на македонски наставен јазик;
· СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
· СУГС „Цветан Димов“ – Град Скопје
– продавач референт на продажни услуги, на албански наставен јазик;
– економски техничар, на албански наставен јазик
· СУГС „Јане Сандански“ – Струмица
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг и
· СОУ „Перо Наков“-Куманово
– економски техничар/бизнис администратор на македонски наставен јазик;
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
· СОУ „Ѓорче Петров“- Крива Паланка
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
· СЕПТУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје
– техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;
– економски техничар, на македонски наставен јазик
· СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје
– продавач референт на продажни услуги, на македонски наставен јазик
· ОСЕУ „8 Септември“-Тетово
-економски техничар, на албански наставен јазик
СЕКТОР ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ:
· ДСУРЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес
– техничар за индустриска мехатроника/електротехничар-енергетичар (дуално) на македонски наставен јазик;
· ОСТУ „Гостивар“ – Гостивар
– техничар за индустриска мехатроника/електротехничар-енергетичар (дуално) на македонски наставен јазик,
· СОУ „Ѓорче Петров“-Крива Паланка
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар- енергетичар (дуална) на македонски наставен јазик;
· СОУ „Ристе Ристески Ричко“-Прилеп
– техничар за индустриска мехатроника/електротехничар-енергетичар (дуално) на македонски наставен јазик;
· СУГС „Владо Тасевски“ – Град Скопје
– електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик
· СОУ „Никола Карев“-Струмица
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик.
СЕКТОР ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА:
СОУ „Мирко Милески“-Кичево, за образовниот профил:
– медицинска сестра на македонски наставен јазик;
· СОУ „Исмет Јашари“-Липково, за образовниот профил:
– медицинска сестра на албански наставен јазик;
· СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Скопје за образовниот профил:
– забен техничар на македонски наставен јазик;
– физиотерапевски техничар на македонски наставен јазик;
– фармацевски техничар на албански наставен јазик;
– физиотерапевски техничар на албански наставен јазик;
– гинеколошко акушерска сестра на албански наставен јазик
· СУГС „Цветан Димов“ СКопје
-медицинска сестра на албански наставен јазик;
-фармацевски техничар на албански наставен јазик;
· СУГС „Марија Кири Склодоска“ Скопје
-фармацевски техничар на македонски наставен јазик;
-медицински лабораториски санитарен техничар на македонски наставен јазик;
· -СОУ „Димитар Влахов“ Струмица
-медицинска сестра на македонски наставен јазик
· СОУ „Јане Сандански“ Штип
-забен техничар на македонски наставен јазик
СЕКТОР ЛИЧНИ УСЛУГИ:
· СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје
– техничар за козметичка нега и убавина на македонски наставен јазик;
· СУГС „Сарај“-Скопје, за образовниот профил:
– фризер на албански наставен јазик;
СЕКТОР СООБРАЌАЈ, ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ:
· ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид
– техничар за патен сообраќај на македонски наставен јазик;
· ДСУРЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес
– техничар за транспорт и шпедиција на македонски наставен јазик;
· СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје
– техничар за транспорт и шпедиција на македонски наставен јазик;
– техничар за логистика во сообраќајот на македонски наставен јазик;
СЕКТОР УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ:
· СОУ „Коле Неделковски“-Велес
– келнер/ готвач на македонски наставен јазик;
· СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
– хотелско-туристички техничар на македонски наставен јазик;
СЕКТОР ХЕМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА:
· СУГС „Марија Кири Склодовска“- Скопје
– хемиски лабораториски техничар, на македонски наставен јазик;
· СОУД „Димитар Влахов“ – Струмица
– прехранбен техничар/хемиско лабораториски техничар на македонски наставен јазик
– техничар за козметички и хемиски производи, на македонски наставен јазик
· СОУ „Нико Нестор“ – Струга
– хемиски лабораториски техничар, на македонски наставен јазик;
СЕКТОР ШУМАРСТВО И ОБРАБОТКА НА ДРВО:
· СУГС „Георги Димитров“ – Скопје
– техничар за мебел и ентериер на македонски наставен јазик.
Слободни места за второто пријавување има за вкупно 16 034 ученици од кои:
· 10 758 слободни места за настава на македонски наставен јазик,
· 4 781 слободни места за настава на албански наставен јазик,
· 474 слободни места за настава на турски наставен јазик и
· 21 слободни места на српски наставен јазик.
Слободни места по вид на образование за второ пријавување има:
во гимназиско образование 3 727 слободни места од кои:
· 2 117 за ученици на македонски наставен јазик,
· 1 432 за ученици на албански наставен јазик,
· 157 за ученици на турски наставен јазик и
· 21 за ученици на српски наставен јазик.
во стручно образование 12 307 слободни места од кои:
· 8 641 за ученици на македонски наставен јазик,
· 3 349 за ученици на албански наставен јазик,
· 317 за ученици на турски наставен јазик и
Второто пријавување на учениците ќе се врши електронски на 30 јуни.
Доставувањето на потребената документација до училиштата ќе се врши на 1 јули.
Ранг листа на запишани ученици се објавува на 2 јули 2025 година на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница, до 12:00 часот.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на огласната табла на училиштето.
Министерство за образование и наука (МОН)
_______________________