Монах четири дена бил заглавен во поплавена пештера- 17 нуркачи биле вклучени во спасувачката мисија (ВИДЕО)

Тајландските спасувачи успеаја да спасат будистички монах кој беше заробен во поплавената пештера 4 дена.

Пра Ајарн Манас (46) бил на аџилак кога влегол во пештерата Пра Саи Нгам во Пицанулок да медитира.

Одеднаш почнало да врне силен дожд и поројите ја преплавиле пештерата додека монахот беше внатре.

Во спасувачката операција учествуваа 17 нуркачи затоа што само тие можеа да пристапат до локацијата на монахот. На Манас му беше дадена маска за нуркање и тој мораше да помине со неа околу 12 метри под вода се додека конечно не се ослободи.

Да потсетиме, голема драма се случи во 2018 година во Тајланд, кога 12 момчиња, млади фудбалери и нивниот тренер беа заробени во пештера на северот на земјата. Спасувањето, во кое учествуваа голем број луѓе од целиот свет, траеше повеќе од 17 дена.

Back to top button
Close