Морачанин: Вистински патриотизам е грижата за здравјето на граѓаните и почиста и поздрава животна средина

„Вистински патриотизам е грижата за здравјето на нашите граѓани, за почиста и поздрава животна средина. Лесно е да раскажуваме празни флоскули, но она што е потребно е сите ние како политичари да одработиме навистина конкретно за нешто што значи подобар квалитет на живот за сите граѓани“ рече претседателката на ДОМ и кандидатка за пратеничката од листата на Коалицијата за европска иднина.

Таа кажа дека процесот на отстранувањето на линданот од фабриката Охис е во тек и се врши согласно највисоките европски стандарди.

„Неодамна беше во посета на ДОМ и овде во Скопје европратеничката од холандските зелени, Тинеке Стрик и ние организавме со неа една посета во старата фабрика Охис и навистина ми е задоволство што процесот на остраснување на целиот канцероген линдан, старо индустриско загадување, од пред 6-7 децении веќе успешно почнува и во тек е отстранувањето и извозот на овој опасен материјал во Германија и Франција“, рече Морачанин.

Таа додаде дека за целосно расчистувањето на големата депонија се потребни големи финансиски средства, кои според проценките на експертите може да достигнат стотина милиони евра.

„Ја замоливме европратеничката и таа се обврза дека ќе се заложи кај Европската комисија за дополнителни средства како грант, за да може овој линдан од ова подрачје што побрзо да биде изнесен“,  рече Морачанин.

 

Back to top button
Close