Мората постигна три гола против Барселона, сите беа поништени

Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората на натпреварот од 2. коло во Лигата на шампионите вчеравечер против Барселона забележа необично достигнување. Шпанецот постигна хет-трик, но сите три гола му беа поништени со ВАР технологијата, бидејќи играчот беше во офсајд.

Победата на натпреварот и припадна на Барселона благодарение на головите на Усман Дембеле и Лионел Меси.

Јувентус по две кола има една победа и еден пораз и е втор во Г-групата, зад Барселона која е лидер со максимални шест бода.

Back to top button
Close