Мората за Скудетото: Јувентус секогаш верува во победа, мора да се обидеме да ги добиеме сите натпревари до крајот

Мората: Жал ми е што го носев дресот на Реал Мадрид - МИА

Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората ги оцени шансите за освојување на шампионскиот трофеј во Серија А.

– Ние секогаш веруваме во победа и треба да се стремиме кон неа, додека сè уште можеме да освоиме доволно бодови. Мора да се обидеме да ги добиеме сите натпревари. Денес играме на домашен терен, што значи дека треба да добиеме три бода, рече Мората во интервју за „Скај Спорт Италија“.

Јувентус кој е бранител на Скудетото попладнево игра со Беневенто во обид да победи и да ја намали разликата со водечкиот Интер на седум бода.

Back to top button
Close