Мораториумот за набавка и регистрација на оружје во Србија е продолжен до 31 декември
Мораториумот за набавка и регистрација на оружјево Србија ќе биде продолжен до 31 декември годинава.

Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ потсети дека одлуката за мораториум за набавка и регистрација на оружје е донесена по трагедиите што се случија во Рибникар и во селата Дубона и Мало Орашје.
„Со оглед на тоа што тие акти имаа позитивен ефект во однос на намалувањето на вкупниот број оружје, набавката на оружје, регистрацијата и издавањето дозволи, беше одлучено мораториумот да се продолжи до крајот на оваа година“, нагласи Дачиќ, соопшти српското МВР