Моравјецки: Изборите за претседател ќе се одржат во јуни

Претседателските избори во Полска ќе се одржат во јуни, изјави денеска премиерот Матеуш Моравјецки, меѓу спекулациите дека дебатата за законот за начинот на гласање може да ги одложи изборите во јуни.

– Сигурен сум дека изборите треба да се одржат во јуни, тие ќе се одржат во јуни, рече Моравјецки на прес-конференција.

Владејачката партија во Полска вчера ги обвини пратениците на опозицијата дека се обидуваат да го одложат гласањето, бидејќи претседателот на Сенатот рече дека нема да ја продолжи расправата за изборниот закон до следната недела.

Back to top button
Close