Морето кај Родос исфрли хашиш вреден 320.000 евра

Несекојдневен настан се случи на грчкиот остров Родос, откако морето исфрли големо количество хашиш, директно на плажа.
Интервенираше полицијата и крајбрежната служба.
Според информациите, на брегот биле пронајдени повеќе пакети со вкупна тежина од над 40 килограми хашиш, чија улична вредност се проценува на околу 320.000 евра . Дрогата била распоредена во повеќе пакувања, кои најверојатно пристигнале по морски пат, по што поради непознати околности завршиле на плажата.
Пакетите биле забележани од локални жители или посетители, по што веднаш била известена полицијата.
Првичните сомневања се дека станува збор за пратка поврзана со организирана криминална мрежа, која требало да биде транспортирана по морски пат, но поради невреме, технички проблем или интервенција на властите, завршила во морето.






