Морис бара американскиот претседател да го помилува Асанж

Партерката на Џулијан Асанж, С денеска побара од американскиот претседател Доналд Трамп да го помилува основачот на Викиликс.

– Ве молам донесете го дома за Божик, напиша Морис на Твитер на американскиот празник Денот на благодарноста.

Таа објави и фотографија од нивните две деца.

– Ова се синовите на Џулијан, Макс и Габриел. Ним им е потребен татко. Нашето семејство трева повторно да е заедно, истакна Морис.

Асанж (49) е во затвор во Велика Британија и чека одлука дали ќе биде екстрадиран во САД, каде се соочува со обвиненија за шпионажа. Морис тврди дека тој може да се движе само во затворската ќелија поради пандемијата со Ковид-19.

Back to top button
Close