Москва ќе одговори на протерувањето на руски дипломат од Скопје

– Русија ќе преземе соодветни чекори како одговор на протерувањето на еден руски дипломат од Северна Македонија, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

– Најостро ги осудуваме таквите неосновани потези кои дефинитивно ќе влијаат на односите меѓу Русија и Северна Македонија. Ќе следат мерки на одговор, се наведува во соопштението.

Македонското МНР во вторникот соопшти дека, согласно член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Руската амбасада во Скопје е прогласен за непожелна личност во Северна Македонија.

Нотата со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена, му била предадена на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин во МНР на 14 мај. 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close