Москва најавува помош за Куба во услови на блокада


Русија разгледува можности за поддршка на Куба во услови на блокада, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Во постојан контакт сме со кубанското раководство и разговараме како да помогнеме во оваа тешка ситуација – изјави Песков.

Во меѓувреме, рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, со околу 730.000 барели сурова нафта, се движи кон Куба и се очекува да пристигне на нафтениот терминал Матансас околу 23 март, објави „Гардијан“..

Бродот е во сопственост на руската државна компанија Sovcomflot и плови под руско знаме.

Back to top button
Close