Москва: САД со нападите сакаат да го оправдаат распоредувањето на оружје во Вселената

– Москва ги отфрли американските и британските тврдења дека Русија тестирала противсателитско оружје во Вселената, додавајќи оти обвиненијата служат како оправдување на плановите на Вашингтон за распоредување на оружје во орбитата.

Американски и британски претставници вчера изјавија дека тестирањето на противсателитското оружје на 15 јули укажува на постојаните руски напори да развијат технологија со која би била загрозен вселенскиот имот на САД и нивните сојузници.

Руското Министерство за надворешни работи ги отфрли наводите, при тоа соопштувајќи дека експериментот од 15 јули не бил закана за другите вселенски објекти и оти е почитувано меѓународното право.

– Тврдењата се дел од информативната кампања за дискрдитација на руските вселенски активности и нејзините мировни иницијативи за спречување на трката во вооружување во Вселената, се наведува во соопштението на руското МНР.

Додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „Русија секогаш била и останала земја посветена на целосна демилитаризација на Вселената и за нераспоредување на кој било вид на оружје  во Вселената“.

Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека настанот од 15 јули вклучувал „мало вселенско возило“, кое „прегледало еден од националните сателити од непосредна близина користејќи специјална опрема“.

Back to top button
Close