Москва се нуди за посредник меѓу Грција и Турција

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при денешната посета на Кипар изјави дека Москва е подготвена да помогне во посредување во разговорите со Турција околу истражување на гас и нафта во источниот дел на Средоземното Море.

– Што се однесува до вашите односи со Турција, ние сме подготвени да промовираме дијалог, прагматично заснован на меѓусебни интереси и во потрага по одлуки кои ќе бидат правични и засновани на меѓународното право, рече Лавров на средбата со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис.

– Русија ги смета за неприфатливи сите чекори што можат да доведат до натамошна ескалација на напнатоста на истокот на Медитеранот, додаде Лавров на прес-конференцијата во Никозија. ссм/

Back to top button
Close