МОСТ: До 10:00 часот најголема излезност во ИЕ1, најмала во ИЕ6

На гласачките места каде што има набљудувачи од граѓанската иницијатива МОСТ не се забележани неправилности, а гласањето се одвива безбедно согласно здравствените протоколи.

Според податоците на МОСТ, во Изборната единица 1 излезноста е 12,55 отсто до 10 часот.

Во Изборната единица 2, излезноста до 10 часот е 10,55 проценти, во ИЕ 3 – 13,68 отсто, ИЕ4 – 12,08 проценти, ИЕ5 – 10,99отсто, ИЕ6 – 5,56 проценти.

Back to top button
Close