МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Унгарија
Возачот на Дукати, Марк Маркез, денеска ја освои Големата награда на Унгарија од шампионатот во Мото ГП и го зголеми водството во генералниот пласман.
Маркез победи со време од 42:37,681 минути, забележувајќи ја својата седма последователна победа.
Шесткратниот светски шампион во кралската класа сега има вкупно 98 победи во кариерата.
Второто место го освои возачот на КТМ, Педро Акоста, кој стартуваше од седмото место, а трет беше возачот на Априлија, Марко Бечеки.
Марк Маркез води во генералниот пласман со 455 бодови, 175 повеќе од неговиот помлад брат Алекс Маркез, на второто место и 227 повеќе од третопласираниот Бањаја.
Шампионатот во МотоГП продолжува за две недели со трката во Каталонија