Моторџија од Прилеп загина на Плетвар

На магистралниот пат Прилеп-Росоман, кај местото Карпачов Камен на превојот Плетвар, вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.М. од с.Арачиново, скопско и мотоцикл „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(28) од Прилеп.

Во несреќата, од здобиените повреди мотоциклистот Д.Н. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција

Back to top button
Close