„Можеби последен пат играм во Србија“ – Ѓоковиќ ги повика навивачите за мечот со Грција
Новак Ѓоковиќ зборуваше пред мечот од Дејвис купот со Грција кој се игра викендов, а во пресрет на тој дуел истакна дека можеби последен пат ќе настапува пред навивачите во Србија.
Натпреварот меѓу Србија и Грција за место во Светската група на Дејвис купот ќе се игра на 14 и 15 септември, а утре од 16:30 часот на програмата е „отворен тренинг“.
„Последен пат кога играв пред моите навивачи беше во „Пионир“ пред седум години и не знам дали некогаш повторно ќе играм овде до крајот на мојата кариера. Затоа ги повикувам сите да дојдат и да не поддржат“ изјави Ѓоковиќ во гостувањето на РТС и додаде:
„Најмотивиран сум на грен слемовите и играњето за репрезентацијата. Драго ми е што се уште му стојам на располагање на тренерот Виктор Троицки, кого го познавам од детството. Покрај златниот медал од Париз и првиот Вимблдон, би го издвоил тој Дејвис купот во 2010 година. Затоа што, кога играш за својата земја, имаш соиграчи на клупата, тренер, поддршка од трибините, форматот е таков што се е сменето и немаме многу можности да играме дома“ – изјави најдобриот српски тенисер.