Можна е интервенција од воздух над пожарот кај Никуштак

И натаму е активен пожарот кај липковското село Никуштак, информира попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али.

Во моментов на гасење на пожарот интервенира екипа на кумановската противпожарна единица со три противпожарни возила, а вклучени се и екипи на ЈП „Национални шуми“.

Во зависност од метеоролошките услови, велат од ЦУК, во текот на денот е можна и интервенција од воздух, со цел побрзо локализирање на пожарот.

-Од терен директно ги координирам активностите на екипите и сите мерки за справување со ситуацијата. Екипите продолжуваат со максимален ангажман за спречување на ширењето на пожарот и за заштита на населените места и имотот на граѓаните – рече Али.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во својот утрински извештај за состојбата на пожарите во државата рече дека пожарот во атарот на селото Никуштак е надвор од контрола и покрај вчерашната интервенција на „ертракторите“, кои истурите 81 тон вода

Back to top button
Close