Можна средба на прeмиерот Заев со неговиот бугарски колега за време на примопредавањето на вакцини од бугарскиот Црвен Крст

Премиерот Заев изрази увереност дека за време на примопредавањето на најавената донација на вакцини од Бугарија, следнава недела, на граничниот премин помеѓу Македонија и Бугарија, ќе биде остварена средба на премиерско ниво и ќе биде договорен термин за состанок помеѓу премиерите на двете земји и министрите за надворешни работи.

Заев додаде дека очекува двете пријателски земји да покажат трезвеност и рационалност во име на иднината и на младите генерации.

„Конекциите постојат. Уште еднаш нашата замолница и целиот фокус е кон Бугарија со сите нивни институции, претседателот, но и премиерот и министерот за надворешни работи, како и парламентот. Се надеваме дека во јуни ќе дадат поддршка да го направиме следниот чекор во интегративните процеси“, рече Заев.

 

Back to top button
Close