Можно е Кина да сторила геноцид над Ујгурите, утврди конгресна комисија на САД

– Извршна комисија за Кина на американскиот Конгрес денеска соопшти дека минатата година се појавија нови докази дека во Кина е можно да се случуваат „злосторства против човештвото, па дури и можен геноцид“. Можно е Кина да извршила „геноцид“ со третманот кон Ујгурите и другите муслимански малцинства во западната провинција Ксинџијанг, се навеудва во новиот извештај на двопартиската комисија на американскиот Конгрес.Комисијата, исто така, ја обвини Кина дека ги угнетува Ујгурите и во САД. Кина наиде на остра осуда за поставувањето на комплекси во Ксинџијанг, што ги опиша како „центри за обука за искоренување на екстремизмот“ и обезбедување нови вештини на луѓето, но другите тоа го нарекоа „концентрациони логори“. ОН наведуваат дека во провинцијата Ксинџијанг се приведени најмалку еден милион Ујгури. Конгресната комисија (ЦЕЦЦ) во извештајот повикува САД формално да „утврдат дали е извршено насилство во Ксинџијанг“, а таквата определба мора да се спроведе во рок од 90 дена, откако на 27 декември беше донесен закон.

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во последните денови на оваа позиција, пред избраниот претседател Џо Бајден да ја преземе Белата куќа на 20 јануари, размислува за ваква одлука.

Копретседавачот со ЦЕЦЦ, демократскиот конгресмен Џим Мекговерн, изјави дека кинеските активности во минатата година се „шокантни и невидени“ и ги повика Конгресот и администрацијата да утврдат одговорност за Пекинг.

Експертите велат дека утврдувањето геноцид би било голем срам за Кина, втора по големина економија во светот, и постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Утврдувањето на геноцидот може да биде проблем и за Бајден и да ги искомплицира односите со Пекинг, иако тој во предизборната кампања веќе кажа дека во Ксинџијанг се случил геноцид.

Back to top button
Close