МП: Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, еден од најлибералните во Европа

Собранието на Република Северна Македонија едногласно го усвои Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета со кој се гарантира слободата на изразување.

Ова, соопштија денеска од Министерството за правда, e еден од најлибералните закони во Европа чиј клучен аспект е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета. – Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка, се појаснува во соопштението. Министерството за правда и во наредниот период ќе се фокусира на подобрување на состојбите во оваа сфера со цел да се овозможи независно, професионално и достоинствено извршување на новинарската професија.

Back to top button
Close