МПЦ-ОА: Најсрдечна благодарност до Вартоломеј, ги продолжуваме разговорите со СПЦ

Голема парада по повод Денот на победата во Втората светска војна се одржа вчера во Москва. И покрај гласините за лошо здравје, на него се појавија рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, но не и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов.

Овогодинешната парада беше првата во која не се појави највисокиот генерал на руската армија, заедно со претседателот Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, третиот човек кој ги држи клучевите од рускиот нуклеарен арсенал.

Од Кремљ не го коментираа отсуството на Герасимов, ниту пак ги објаснија причините за неговото отсуство од прославата. Според западни извори, Герасимов лично отпатувал за Украина на крајот на април, каде лично требало да ја преземе оперативно-тактичката команда на руската офанзива на Донбас од правец на Изџум на командното место кај Изум.

Back to top button
Close