Мрежата за заштита од дискриминација бара јавна и инклузивна постапка за избор на Народен правобранител

Спроведување транспарентна, јавна и инклузивна постапка за избор на нов Народен правобранител бара од Собранието, Мрежата за заштита од дискриминација.

Од Мрежата, исто така, потсетуваат дека Собранието треба да започне транспаретна и отчетна постапка за избор на професионални, искусни и непартиски лица за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои ги исполнуваат условите согласно член 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Огласот за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше објавен во „Службен весник бр. 279/2020“ на 24 ноември 2020 година и трае 30 дена од неговото објавување односно до 24 декември 2020 година.

– Соочени со нетраспарентниот избор на партиски и непрофесионални кадри за членови во изминатите два мандати на Комисијата, Мрежата за заштита од дискриминација упатува јавен апел до Собранието на РСМ за отпочнување на: транспарентна постапка за избор на членови на КСЗД коишто ги исполнуваат условите и навремено и постојано информирање на граѓаните, на здруженијата на граѓани и на медиумите за текот на постапката. Собранието по завршувањето на огласот, а со цел запознавање на јавноста е потребно да направи низа чекори кои се предуслови за спроведување на отчетна и фер постапка за избор, водејќи сметка на квалитетот и на искуството на избраните кандидати, реагираат од Мрежата.

Бараат од Собранието во најбрз можен рок по завршување на огласот да спроеведе јавна расправа на која ќе се претстават кандидатите за членови на КСЗД, додека здруженијата, медиумите и другите заинтересирани страни ќе имаат можност да им поставуваат прашања на кандидатите и да дискутираат по нивниот избор.

Back to top button
Close