МРТ: Поради сериoзен технички проблем вчера не можеа да се емитуваат телевизиските дневници во 17:00, 19:30 и 22:30 часот
Поради сериозен технички проблем МРТВ вчера не беше во можност да емитува дневници во 17:00, во 19:30 и во 22:30 часот, информираат од МРТВ.
-Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции, соопшти МРТВ.
Јавниот сервис им се извинува на граѓаните за неможноста да ги следат централните информативни изданија и посочува дека Македонската радиотелевизија ќе продолжи да известува навремено и објективно, во интерес на јавноста.