Мртов скопјанец извлечен од Вардар

Вчера околу 13:30 часот било пријавено дека во водите на реката Вардар било забележано тело на машко лице, информираат од МВР.

Како што соопштија оттаму, на кеј „Димитар Влахов“, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција го извлекле телото од водата и било констатирано дека се работи за З.Ѓ. (74) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирала екипа од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Back to top button
Close