Мртовиот Епштајн ги потресува живите!

„Оној што сее семе на омраза, болка и страдање, не може да пожнее среќа, љубов и рај“! -вели Питагора
Мерсел Биљали
Објавени се повеќе од 3 милиони докази од случајот Џефри Епштајн роден во 1953 година во Бруклин во американско еврејско семејство. Тука се речиси 2.000 видеа, 180.000 фотографии и милиони е-пораки. Тоа е половина од доказите поврзани со сексуалниот предатор Епштајн. А бројни истакнати американски конгресмени бараат објавување на други докази. Моќниот Епштајн и неговата партнерка Гислен Максвел биле блиски со голем број врвни луѓе – Бил Клинтон, Доналд Трамп, Мирослав Лајчак, принцот Ендру, Торбјорн Јагланд (поранешен премиер на Норвешка и генерален секретар на Советот на Европа), потоа Кевин Спејси, Вуди Ален, Majкл Џeксон, илузионистот Дејвид Коперфилд, и многу други истакнати личности од сферата на политиката, бизнисот и културата. Бројни личности сакаа да се фалат со своето познанство со Епштајн, сè до неговото второ апсење и скандалот што се разви потоа. Епштајн мистериозно се самоуби во затвор во 2019 година, но и како мртов остави зад себе многу докази што ќе шокираат илјадници живи. Њујоршкиот судски испитувач ја пресуди смртта на Епштајн како самоубиство. Но, чудно, кај камерите за надзор недостасуваат три минути!
Џефри Епштајн израснал во населбата Бруклин, во Њујорк. Студирал физика и математика, но никогаш не дипломирал. На почетокот на 1970-те работел како професор по математика во едно приватно училиште на Менхетен. Таму стапил во контакт со еден инвестициската банка „Беар Стернс“ и работел како трговец на берза. Брзо напредувал, па започнал свој бизнис како инвестициски консултант за огромни суми.
Меѓу 2005 и 2007 година неколку жени го пријавија Епштајн за сексуално злоставување, но, поминал лесно со тогашниот државен обвинител на Флорида, Александер Акоста, кој подоцна стана секретар за труд во администрацијата на Трамп. Од 2008 година Епштајн се води како опасен сексуален предатор, но тој за „Њујорк пост“ ќе каже: „Не сум предатор, туку претстапник. Тоа е како разликата помеѓу убиец и некој што краде ѓеврек“.
Наредниве години Епштајн изградил луксузни објекти во сосема малиот остров “Little Saint James” со површина од околу 30 хектари блиску до Девствени Острови. Таму се носеле малолетни девојки и деца од секаде (најмногу од Украина), и организирале злочиначки оргии. Некои од нив исчезнаа без трага и никогаш повеќе не беа пронајдени. Посетители na oстровот беа елитни луѓе од политиката, бизнисот и културата!
Во една порака меѓу Епштајн и Лајчак, вториот пишува: „Бев во Албанија, видов многу убави девојки…“ Слични пораки има за руски девојки и се спомнуваат имиња на врвни руски политичари. Претпоставка oд препораките е можен ангажман на девојки во островот.
Притисок од конгесмени!
Притисокот врз Белата куќа растел и од поддржувачите на Трамп и од неговата Републиканска партија кои бараат Трамп да го исполни своето предизборно ветување и да објави што откриле истрагите за Епштајн. На 15 јули 2025 година: конгресмените Ро Кана (демократ од Калифорнија), и Томас Маси, (републиканец од Кентаки), го прелагат Законот за транспарентност на досиејата на Епштајн, кој ќе го принуди Министерството за правда да ги објави сите досиеја за Епштајн. Законот се усвојува на 18 ноември 2025 година. Но, се вртат информации дека Министерството за правда се соочи со сериозни обвинувања за кршење на законот откако објави ограничен и силно редактиран сет документи од истрагата на Епштајн, додека во исто време одредени датотеки што го имплицираат самиот Трамп исчезнаа од нивната официјална веб-страница.
Претходно се појавија информации дека главната обвинителка Пам Бонди, назначена од претседателот, му кажала на Трамп дека неговото име се појавува во досиеја поврзани со истрагата. Се чини дека Трамп бил пријател со Епштајн од 1990-тите до почетокот на 2000-тите. Имено, за време на претседателската кампања во 2024 година, Трамп вети дека ќе ги отвори досиејата на Епштајн. Сепак, се предомисли во јули минатата година, велејќи дека случајот е затворен, па дури и ги критикуваше сопствените поддржувачи кои продолжија да вршат притисок врз него по ова прашање.
Во двочасовно видео објавено од Министерството за правда на САД во најновата колекција на досиеја поврзани со истрагата за починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон го прашува Епштајн дали е тој „самиот ѓавол“, на што тој одговара: „Не, јaс имам убаво огледало“. Интервјуто, кое се чини дека е снимено во вилата на Епштајн на Менхетен на непознат датум, е објавено без контекст за тоа зошто интервјуто или која била неговата цел.
Кој стоеше зад Епштајн?
Едни велат дека тоа е израелскиот МОСАД, други ЦИА, трети ФСБ (Руските федерални служби). Џоб Босниќ мисли дека тоа е работа на МОСАД, оти самиот Епштајн беше Еврејин. Истото го вели и Бенјамин Хох (новото име му е Роберт Максвел). Аферата штотуку започнува и се очекува пад на глави и влади. Во Британија, Најџел Фараж веќе му пишал на европската истражна канцеларија OLAF да го истражи Питер Менделсон (порано британски амбасадор во САД и пријател со Епштајн), за време на неговиот мандат како европски комесар. Клинтонови бараат сведочење пред Конгресот, а тоа ја отежнува состојбата на Трамп. А во Конгресот врие. Путин е во паника.
На Ендру Маунтбатен-Виндзор, порано познат како принц Ендру, му беа одземени кралските титули и резиденцијата. Добротворната организација основана од неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, поранешната војвотка од Јорк, ќе се затвори на неодредено време по објавувањето на е-пораките во кои таа го нарече Епштајн „легенда“ и „братот што отсекогаш посакував да го имам“.
Секратарот на САД за трговија Хауард Лутник се плаши за својата иднина во кабинетот. Лутник пред некое време изјави дека во 2005 година бил толку згрозен од својот сосед Епштајн што се заколнал дека никогаш повеќе нема да биде во иста просторија со него. Но, кога Министерството за правда објави повеќе од три милиони страници материјал поврзан со покојниот американски финансиер минатиот петок, се појавија е-пораки што укажуваат на уште поблизок однос, дури патувал на неговиот карипски остров!
Но, додека европската политичка класа се обидува да го исчисти својот неред и да се справи со срамот околу нејзините врски со осудениот сексуален престапник, таа ненамерно истакнува нешто друго, компаративниот недостаток на одговорност во САД. За сега, ниеден висок профил на политичари не паднал. Последиците се ограничени. Кругот се затвори за да ги заштити најистакнатите политички личности чии имиња се споменуваат во објавените документи.
Голдман Сакс и неговиот извршен директор Дејвид Соломон, исто така, застанаа на страната на генералниот советник на компанијата, Кетрин Румлер, која со месеци се соочуваше со остри наслови поради нејзините врски со Епштајн, вклучувајќи подароци како чанта Хермес од 9.400 долари и спа третман во хотелот „Фор Сизонс“ во Вашингтон. Дури и д-р Питер Атија, познат автор и истражувач на долговечноста и соработник на CBS News, продолжува со своите должности и покрај тоа што се појавува во бројни е-пораки со Епштајн, каде што разговарале за женската анатомија и фактот дека животот на Епштајн бил „толку разуздан“. „Трамп постави тон на одбивање да признае и да чувствува срам“, рече Норм Ајзен, поранешен амбасадор на САД во Чешка и истакнат критичар на Трамп.
Точно е дека некои американски личности поврзани со Епштајн биле принудени да се повлечат од јавниот живот. Меѓу нив се поранешниот министер за финансии Лари Самерс, кој рече дека „длабоко се засрамува од своите постапки и ја разбира болката што ја предизвикале“, и Бред Карп, претседателот на адвокатската фирма Пол Вајс, кој поднесе оставка, велејќи дека тоа е во најдобар интерес на фирмата. Дејвид Рос, поранешниот директор на Музејот на американска уметност „Витни“, оваа недела поднесе оставка од својата функција во уметничкото училиште во Менхетен и рече дека се срами што станал жртва на лагите на Епштајн. Но, за многу од најистакнатите елити кои имале контакт со починатиот осуденик, вклучувајќи го поранешниот советник на Трамп, Стив Банон, единствената последица е штета на угледот.
Иако всушност може да има доза на искреност во она што се кажува и пишува во медиумите, повеќето реакции изгледаат како обид да се прочисти себеси преку изненадување, шок и гадење, третирајќи го јавниот бес како начин да се заштити сопствениот морален углед, a всушност, ова е caмo прозорец кон нашата реалност. Колку и да ни е угодно да веруваме дека богатите и моќни луѓе се покорумпирани и поперверзни од нас, вистината е дека ние ги фаворизираме и бираме тие луѓе.






