МТКФ на семинар во Грција

На традиционалниот 50. семинарот во Неа Флогита, Грција, од денес до 19 јуни предавања ќе одржат и македонските карате мајстори: Венцислав Недев 9 дан, Дејан Недев 6 дан и Аљоша Недев 6 дан.

На семинарот учествуваат над 60 каратисти од македонски, српски и грчки клубови.

Семинарот е еден вид подготовки за македонските каратисти кој од 12 до 15 ноември 2021 ќе настапат на ЕТКФ европскиот шампионат за сениори, јуниори, кадети и деца во Белград, Србија.

На крај од семинарот е предвидено да се одржи меѓународен натпревар и полагање за ученички и мајсторски појаси.

Back to top button
Close