МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите
Изминатите години нема ниту еден ден доцнење на исплатата на пензиите, а растот на истите е континуиран и јасно забележлив. Трансферите кон ПИОМ се навремени и сигурни, дури и во време на Ковид пандемијата, кога започна првата предвремена исплата на пензиите. Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија во сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 проценти пораст на трошоци на живот пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Првото усогласување во септември 2022 година беше 6,8 проценти, второто во март 2023 година – 8,4 отсто и моменталната проекција за септември 2023 година- најмалку шест проценти.

Од МТСП велат дека овие зголемувања не ја зголемиле стабилноста на Фондот, ниту ја поремети редовната исплата на пензиите.