Му биле дадени 1000 денари да гласа за градоначалник на политичка партија, ама ги пријавил во полиција

На 29.10.2021 во 11:50  часот 19 годишно машко лице од с.Цера, Македонска Каменица во Полициското одделение Македонска Каменица пријавило кривично дело по чл.162 ст.1 од КЗ на РСМ, информираат од МВР.

Имено, според пријавата, тој, непосредно пред пријавувањето, бил повикан во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, каде од страна на В.В. од М.Каменица му биле дадени 1000 денари за да гласа за кандидатот за градоначалник од таа политичка партија. Известен е Јавен обвинител, а В.В. е повикан во ПО Македонска Каменица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Back to top button
Close