„Му го исекоа увото на другар ми. Не можевме да дишеме“ Морничава исповед на очевидци на хоророт во Атина: Тоа беа убијци облечени во црно!

Очевидец на ужасните нереди кои ги предизвикаа хулиганите на Динамо Загреб во близина на стадионот на АЕК во Атина го опиша пеколот што го доживеал синоќа. Хулиганите кршеле се по ред и нападнале луѓе кои случајно се нашле таму. 29-годишен навивач на грчки клуб загина во крвава пресметка која ја запрепасти Европа.

Тој во интервју за грчките медиуми го опиша хоророт во Нова Филаделфија.

„Седевме опуштено овде во кафетеријата, пиевме пијачки, луѓето беа опуштени со своите деца. Одеднаш видовме две момчиња од АЕК. Ни рекоа: „Момци трчајте, Хрватите доаѓаат“. Не им верувавме. ни звучеше многу чудно, но по три-четири минути видовме 250 луѓе како трчаат со палки, ракавици, молотови коктели. Почнаа да кршат се, да уништуваат се околу себе, да палат. Отпрвин се исплашивме“, вели тој и додава:

„Имаше тепачка со помладите навивачи на АЕК. Дојдоа до нив, почнаа да кршат се околу нив, автомобилите, и почнаа да бодат луѓе. Се сокривме во кафуле кога до нас дојде момче со убод во стомакот. Уште едно дете беше прободено во раката- и тоа мојот близок пријател што го донесов од Перистери. Навивач на Панатинаикос.Тој не е хулиган. Затоа што навивачите на Панатинаикос се едно, а хулиганите што прават договор со Хрватите се сосема други.Зошто  се случи ова?”

Навивачот на АЕК додал дека вакво насилство не видел ниту на телевизија.

„Мојот пријател доби палка во главата, му го отсекоа увото. Дваесетина луѓе ни фрлија гас. Не можевме да дишеме. Човек беше во друштво со 13-годишна ќерка која беше повредена. Ноќ на терор. Нешто што никогаш не сме го доживеале. Сличен напад не сме виделе ни на телевизија. Вакво нешто досега не се случило. Беа како убијци, облечени во црно“, вели сведок на настанот.

извор

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close