Mу го украле автомобилот во карпош, полицијата го пронашла во село Лака

Попладнево во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.„Никола Русински“ позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во село Лака и ќе биде вратено на сопственикот.

Back to top button
Close