Му се заканувал на братот со службен пиштол, па заврши во полициска станица

Полициски службеници од Полициската станица Неготино вчера го уапсиле 47-годишниот Т.Л. од Демир Капија затоа што со службен пиштол му се заканувал на братот.

Пиштолот бил сопственост на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а за случајот денеска информираа од СВР Велес.

– Т.Л. бил приведен во полициска станица, а при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени пиштолот, 1 рамка со 9 куршуми 7.62 ммм и службена легитимација од Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија – шумски полицаец, појаснија од СВР Велес.

 

 

Back to top button
Close