Муареми: Во Финансиската полиција се вршат проверки зошто имотот на „Трансмет“ не може да биде конфискуван

Во Управата за финансиска полиција (УФП) се постапува по наредба добиена од страна на надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по која се вршат проверки, и сите тие проверки на крај ќе резултираат со исход кој ќе покаже кое е објаснувањето зошто имотот на „Трансмет“ не може да биде конфискуван, вели во интервју за порталот „Локално“ директорот на УФП, Арафат Муареми.

Тој во интервјуто кажува дека на барање на Финансиската полиција Основниот граѓански суд им ја доставил целокупната документација од стечајниот предмет, како и дел од предметите кои се водат пред истиот суд, а каде како странки се Државното правобранителство и фирмата „Трансмет“. Документацијата, вели Муареми, во овој момент се анализира и за тоа што ќе го констатира финансиската полиција ќе биде известено јавното обвинителството.

Муареми како поранешен истражител во СЈО, заедно со обвинители Гаврил Бубевски и Артан Ајро и поранешниот сопственик на „Трансмет, Сеад Кочан, доби кривична пријава од Државното правобранителство поради постапката за конфискација на имот. Кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување заради злоупотреба на службена положба и овластување и за несовесно работење.

Зборувајќи за оваа пријава, Муареми во интервјуто вели дека тој како истражител немал надлежност да отвора истраги ноти пак овластувања да предлага или одлучува дали одреден имот да биде предмет на конфискација или не.

 

„Би сакал да појаснам дека надлежност на еден истражител е да презема дејствија во насока на откривање и собирање доказен материјал за докажување на основите на сомнение за сторени кривични дела и откривање на сторителите на истиот. Истражителот, согласно одредбите од Законот за кривична постапка, нема надлежност, ниту пак овластување да одлучува дали за одредени утврдени инкриминирани дејствија ќе се отвори истражна постапка или ќе се поведе судска постапка, и следствено на тоа истражителот нема надлежност, ниту овластувања да предлага или одлучува дали одреден имот за којшто постојат основи на сомнение дека потекнува од сторени инкриминирани дејствија ќе биде предмет на конфискација или не“ вели Муареми.

Целото интервју можете да го прочитате ТУКА.

 

Back to top button
Close