Муареми за РСЕ: На работа сум, а Ковачевски не ми побарал оставка

Категорично ги отфрлам шпекулациите и натписите на одредени портали пласирани во јавноста кои се однесуваат на тоа дека сум недостапен, односно во бегство. Се наоѓам во државата и тековно ги извршувам своите работни обврски како директор на Управата за финансиска полиција.

Ова го тврди директорот на Управата Арафат Муареми за Радио Слободна Европа, откако во некои медиуми беа објавени информациите дека по објавата за предистражната постапка против него ја напуштил земјата. Тој демантира дека премиерот Димитар Ковачевски побарал негово разрешување или да се повлече од функцијата.

Повеќе

Back to top button
Close