Муареми за ТВ24: До ДКСК доставивме информација за имотната состојба на Иванов

Првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми во емисијата 24 анализа се осврна и на уште еден конкретен предмет кој беше актуелен деновиве во врска со поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Во комисијата се разгледувавте неколку прашања поврзани со Иванов за становите, за назначувањата во АРМ и сето тоа проследено со јавни препукувања. Тука беше вклучена во еден дел и Финансиската полиција.

„Ние добивме неколку барања да се изврши финансиска истракла на одредени функционери, дел е завршена истрагата, уште за 4 не е завршена, зошто таа се проширува и се води интегрирана истрага, односно промената на семејната состојба. За Иванов доставивме известување до обвинителство дали ќе постапат само по тоа или чекаме да постапат по тоа или да добиеме дополнителна наредба за проверка. За него доставивме информација која е имотната состојба во времето кога бил функционер и дали има разлика во имотната состојба“ – рече Муареми.

Тој посочи дека до ДКСК доставиле информација за разликата на имотната состојба на Иванов и рече дека во овој момент е во фаза на предистрага не може да даде информации за тоа зошто чекаат одговор во Обвинителство

Back to top button
Close