Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја скопскиот аеродром ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
-Попладнево на скопскиот аеродром ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на својата агенда за Западен Балкан денес пристигна во Скопје, објави Муцунски на Фејсбук.
Министерот истакна дека од денешните средби очекува потврда за поддршката за процесот не евроинтеграција.
-Очекувам на денешните средби да се потврди поддршката за европската интеграција на Западен Балкан и постепеното приближување на регионот кон единствениот пазар на Европската унија. Членството во Европската унија останува стратешки приоритет на македонската надворешна политика, нагласи Муцунски.
Фон дер Лајен денеска ќе се сретна со Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши