Муцунски: Ако пописот е статистичка операција, на што ќе стави вето заменик директорот на ДЗС?

Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во вестите на Сител зборувајќи за пописот рече дека е за одржување на попис, но како статистичка операција, а не како политичка како што, според него, ја предвидува СДСМ.

-Во Македонија постојат соодветни дата бази со кои може да се спроведе електоронски попис. Електронски попис може да биде поверодостоен по резултатите, но и многу ќе е поевтин и поефикасен.

Фактот дека ние сега влегуваме во политички, а не статистички процес е доказ дека законот предвидува за заменик директорот на државниот завод за статистика има практично право на вето на резултатите од пописот.

И ајде да си ја поставиме дилемата, ако ова е статистички процес врз што ќе стави вето заменик директорот на ДЗС, прашува Муцунски.

Back to top button
Close