Муцунски: Протест за промени – приморани сме

Градоначалникот на општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва соопшти дека партијата заеднички одлучила да организира голем народен протест, кој ќе се одржи на 18-ти јуни.

-Одлучено е и да продолжи активната блокада во Собранието, но ја оставаме отворена вратата за дополнителни чекори во периодот што ќе следи. Подаваме рака и испраќаме порака за обединување до сите, напатениот народ на Македонија. Молкот не е опција. Протест за промени. Власта не сака дијалог со опозицијата и поради тоа сме приморани. Протестот е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат. Време е да се обедниме, кажа Муцунски пред новинарите после состанокот на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close