Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ нуди надеж и реални прогресивни проекти 

– Оваа кампања ќе донесе победа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што власта за три години не испорача, а нашата партија нуди надеж и програма базирана на реални проекти, ијзави меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Муцунски критикуваше дека во програмата на СДСМ има проекти за владеењето на правото, економијата, реформи во образованието и здравството, а власта имала три години во кои можела многу да направи.

– Ние нудиме надеж, нудиме програма во 336 страници базирана на реални проекти, кои примарно мора да се справат со оваа здравствена криза која е многу сложена, да ја дигнат нашата економија и да обезбедат продуктивни работни места, да ја зацврстиме правната држава и да ја движиме Македонија на секое поле, како дигитализација и образованието, истакна тој.

Муцунски вели дека очекуваат реални промени и верува дека граѓаните препознаа прогресивен  позитивен дух во ВМРО-ДПМНЕ, кој што ќе донесе победа на 15 јули.

Back to top button
Close