Муцунски во Белград на работна средба со министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива

Проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности, регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка биле во фокусот на разговорите на работната средба во Белград на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива.

– Работна средба со министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива. Вечерва во Белград учествував на работна вечера со министрите за надворешни работи на ЦЕИ. Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности, регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка, објави Муцунски на Фејсбук.

На средбата, како што посочи тој, била истакната важноста на оваа иницијатива како стабилна основа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.

-Во своето обраќање ја нагласив важноста на регионалното поврзување и соработка, кои се покажаа како клучни алатки за поттикнување на европската интеграција – најзначајниот проект за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Притоа ја потврдив целосната посветеност на европскиот пат – како геостратешка неопходност за стабилен и просперитетен регион, додаде министерот. 

Back to top button
Close