Мухамед Зекири: Game change

Поранешниот пратеник, сегашен генерален секретар во Владата, Мухамед Зекири на својот Фејсбук напиша, Game change (Играта се менува) откако на собраниската седница на која треба да се гласа недоверба на владата беше соопштено дека има 60 пратеници, односно дека фали еден пратеник за кворум.

Тој алудира на пораката што ја прати лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев на митингот во Скопје, кога најавуваше промени во партијата со англиската фраза Game change, а опозицијата му порачуваше Game over (Играта се менува).

Опозициските партии поднесоа иницијатива до Собрание за изгласување на недоверба на Владата. Џафери ја прекина седницата бидејќи немаше доволно кворум.

Back to top button
Close