Мурињо го сака Донарума во Рома, бара од управата на клубот да обезбеди средства

Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума може да остане во Серија А. Тренерот на Рома, Жозе Мурињо сака да го види во тимот голманот кој го напушта Милан, објави „Ла Газета дело Спорт“.
Португалскиот фудбалски стручњак се обидува да го убеди раководството на клубот да одвои средства потребни за потписот на 22-годишниот играч.
Претходно беше објавено дека интерес за Донарума покажаа Барселона, Јувентус и Пари Сен-Жермен.
Донарума има 13 натпревари без примен гол на вкупно 37 средби во Серија А оваа сезона и му помогна на Милан да се пласира во Лигата на шампионите.