Мурињо: Штета е што нема уште неколку натпревари, веќе изгледаме како тим од топ 4

Спринтот на Тотенхем до најдобрите четири започна предоцна, призна менаџерот на тимот Жозе Мурињо, откако ги пофали своите играчи за својата форма по продолжението на англискиот шампионат.

Тимот од Лондон има освоено пет од последните осум натпревари и се искачија на седмото место во пласманот, еден бод зад Вулверхемптон и пет зад Челси, кој моментно ја зафаќа последната квота за најпрестижниот клупски турнир. Тотенхем може да обезбеди место во Лигата на Европа со победа против Кристал Палас денес или пораз на Волците против Челси.

– За нас натпреварот со Палас е бараж за Европа, така што е многу важно. Големо финале на кое сите треба да се фокусираме. Ние сме во добра форма и жалам што немаме уште неколку натпревари до крајот на сезоната. Во моментов играме напорно, немаме повредени и изгледаме како топ 4 тим. Кога сме во таква состојба, ние сме многу добар тим. Се надевам дека ќе го докажеме тоа следната сезона, посочи Мурињо за веб-страницата на клубот.

Back to top button
Close