Муса Џафери: Ќе испитаме дали Талат Џафери може да учествува во раководството на ДУИ

Муса Џафери за ТВ21 изјави дека ќе се консултира Надзорниот совет на ДУИ за учеството на спикерот Талата Џафери во раководството на партијата.

Џафери изјави дека ќе се испита дали тоа е во согласност со законот и Уставот.

-Во оваа појдовна точка прво ќе се консултираме со учеството на претседателот на Собранието во претседателството, од причина што претседателството е извршен орган и дали е тоа во согласност со законот и Уставот, рече меѓу другото Муса Џафери за ТВ21.

Порпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска изјави дека не гледа проблем за присуството на Талат Џафери на состанокот, иако според закон, претседателот на Собранието не смее да има партиски функции.

Back to top button
Close