Муса Џафери: Во Владата се прави место за Алијанса, а не сме свесни дека ДУИ се разделува

Претседателот на Надзорниот Одбор на ДУИ, Муса Џафери, вечерва од Студеничани, каде со дел од „огнената група„ ги почнаа средбите со партиските структури, повторно упати бројни критики до членовите на ДУИ што се дел од Владата.

Тој вели дека во Владата се креира место за Алијанса за Албанците да влезе во Влада, но не се гледа дека ДУИ се разделува.

Ние имаме простор Алијанса за Албанците да ја интегрираме во Влада и да ја мобилизираме, но не сме свесни дека нашата партија се разделува, се креира јаз меѓу членови на Претседателството, меѓу партиските ограноци, меѓу општините. Јас мислам дека е алармантно време кога ние треба да се освестиме и мобилизираме, и да тропаме на вратите на ДУИ за оваа состојба да не продолжи и понатаму, но треба да седнеме и да ги пронајдеме потребните компромиси за да го сочуваме ДУИ, кажа Џафери, пренесе ТВ 21.

Засега не е јасно дали ставовите на „Огнената група“ се ставови и на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Back to top button
Close