Мусави: Иран се сомнева во посветеноста на Израел на прекинот на огнот
Иран се сомнева во посветеноста на Израел на договорите за прекин на огнот и е подготвен да му даде на Тел Авив остар одговор доколку агресијата врз Техеран се повтори, изјави денеска началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, генерал-мајор Абдулрахим Мусави, во разговор со министерот за одбрана на Саудиска Арабија, Халед бин Салман.
Мусави изјави дека Техеран не ја започнал војната, туку одговорил на „агресорот“ со сета моќ што ја има.
„Бидејќи имаме целосни сомнежи во посветеноста на непријателот на своите обврски, вклучително и прекинот на огнот, подготвени сме да дадеме остар одговор во случај на повторена агресија“, рече тој, пренесе агенцијата Тасним.
Израел започна операција против Иран во ноќта на 13 јуни, обвинувајќи го за спроведување тајна воена нуклеарна програма.
Цели на воздушни бомбардирања и напади од саботажни групи беа нуклеарни постројки, генерали, истакнати нуклеарни физичари и воздухопловни бази.