Муслиу: Лошиот вкус е што ни требаат уставни промени за Втората меѓувладина конференција

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ истакна дека не ни требало гласање од Бугарија, но и дека ново вето било невозможно. Првата владина конференција во Брисел, во вторникот ја оцени како „историски ден“.

„Историски ден беше во вторникот. Вреди за граѓаните да се каже дека оваа почетна фаза ја има во Албанија. И таму почна скринингот, но лошиот вкус е што за да се почне Втората меѓувладина конференција ни треба консензус на крајот со уставните измени. Не ни треба гласање од Бугарија, но ново вето не е можно. Сепак вкусот не е ист, поради тие процедури што ги започна Бугарија и непринципиелните однесувања на високи бугарски политичари“, изјави Муслиу коментирајќи ја Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ.

Според него, за нас е важно што го почнавме процесот.

Back to top button
Close